
Отворен повик за ангажирање на експерт или правни лица од областа на програмирање за креирање и одржување на платформата МАЈА
Здружение Центар за Образование и Медијација на Млади за потребите на проектот Дигитал ЕкоТур финансиран од Фонд за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ) го објавува следниов:
Повик за набавка на добра и услуги
Референтен број :0401-01/01
Опис на проектот и предмет на набавката
Проектот има за цел да ги зголеми капацитетите на претприемништвото во областа на дигитализацијата и развојот на услуги или производи во Национален Парк Шар Планина и Национален Парк Маврово. Преку имплементација на онлајн платформата МАЈА, претприемниците ќе имаат можност да регистрираат своите услуги или производи, дигитализирајќи ги истите. Платформата, достапна на iOS и Android, ќе им овозможи на корисниците да пребаруваат и пристапуваат до различни услуги и производи во областа, претставувајќи го најблискиот бизнис и информации за настани и атракции.
Набавката содржи ангажирање на експерт или правни лица од областа на програмирање за креирање и одржување на платформата МАЈА. Оваа платформа е предвидено да биде достапна на iOS и Android и исто така web формат.
Предмет набавката: Предмет на набавка е услуга како што е наведено во техничката спецификација.
- Барања за консултантот:
- Искуство во развој и имплементација на онлајн платформи
- Познавање на технологиите за веб развој и мобилни апликации
- Докажано искуство во дизајнирање на кориснички интерфејси и кориснички искуства
- Способност за тимска работа и соработка со развојни тимови
- Докажани резултати во развивање на слични проекти во минатото
Временска рамка:
Датум на завршување на проектот: Во рок од 30 дена од потпишувањето на договорот
Поставка на барањата:
- Консултантот треба да развие и имплементира онлајн платформа “МАЈА” со следните карактеристики:
- Детален план за дизајн и развој на платформата
- Функционалности за регистрација и управување со профили
- Интерфејс богат со функции за внесување и управување со информации за бизнисите
- Интеграција на платформата на iOS и Android уреди и веб-страницата
- Услуга базирана на локација
- Интеграција на GPS технологија
- Систем за управување со содржина
- Хостинг услуги за првите две години и инфраструктура за одржување
- Очекувани резултати:
- Функционална и успешно лансирана онлајн платформа “МАЈА” за дигитален еко-туризам
- Исполнети сите специфични испораки и резултати како што се наведени во техничката спецификација
- Одржана редовна комуникација и соработка со нарачателот за време на целиот процес на развој и имплементација
- Критериуми за оценување:
- Способност за извршување на задачите и исполнување на барањата
- CV, искуство и од претходни проекти
- Предложени решенија и иновации за платформата “МАЈА”
- Список на слични апликации направени претходно. (Важи само за правните лица)
- Цена
Рок за доставување на понудите: Краен рок за поднесување на понудите е 29.02. 2024 до 23:59 часот. Секоја понуда добиена по овој рок автоматски ќе биде одбиена.
Адреса и методи за доставување на понудите:Понудувачите треба да ги достават своите понуди на следнава e-пошта: miftarienis@outlook.com
Во насловот на е-поштата да биде наведен референтниот број на набавката.
Лице за контакт: Енис Мифтари
Успешните понудувачи ќе бидат известени за резултатите од постапката за евалуација преку е-пошта.
Во прилог потребна документација :
- Техничка спецификација
- Финансиска понуда
Проектот „Дигитал Eкотур“ е во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Шара, Кораб Коритник и Албанските Алпи“, имплементиран од Фондацијата ЦНВП и финансиран од Фонд за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ).
